Гостивар ќе го кофинансира „City Experiment Fund“ грант на УНДП за урбан развој
- Првиот човек на општина Гостивар потпиша Договор за грант со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан. Станува збор за кофинансирање на грант во вредност од 26.248.392, оо денари, во кој општина Гостивар ќе учествува со 2.187.366, оо денари.
Гостивар, 30 мај 2025 – Првиот човек на општина Гостивар Ваљбон Лимани потпиша Договор за грант со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан.
Станува збор за кофинансирање на грант во вредност од 26.248.392, оо денари, во кој општина Гостивар ќе учествува со 2.187.366, оо денари.
- Заедничкиот проект ги поддржува градовите во развојот на урбани портфолија кои ги адресираат поврзаните зелени и дигитални транзиции и е во рамките на програмата „City Experiment Fund“, информираше на Фејсбук-профилот вд градоначалникот Лимани.
Општина Гостивар е меѓу 12 општини од шест држави: Косово, Ерменија, Украина, Црна Гора и Словачка кои учествуваат во овој проект. Овој проект е финансиран од Министерството за финансии на Словачка и ќе трае до 2027 година. згм/свс/
ФОТО: Фејсбук Лимани