• недела, 22 декември 2024

Гори дивата депонија во струшко Лабуништа

Гори дивата депонија во струшко Лабуништа
Струга, 23 мај 2022 (МИА) – Дивата депонија, лоцирана над струшкото село Лабуништа денеска гори. Мештаните се жалат на густиот чад и непријатната миризба, која од синоќа се ширела од местото, каде години наназад се депонира отпадот од домаќинствата. Претседателот на еколошкото здружение „Натура лаб“ Али Салоски информира дека проблемот е децениски и покрај напорите ѓубрето да се депонира во Струшката депонија, тоа е единственото место каде се носи отпадот од домаќинствата.

Проблемот не е од сега, бараме да се дислоцира, тоа е единственото решение. Често пати ја покриваме со тампон, но несовесни граѓани, намерно или случајно го палат ѓубрето што предизвикува неподнослива миризба и дополнително загадување на воздухот.

Единствена надеж за целосно решевање на проблемот со дивите депонии, според Салоски, е во градењето регионална депонија, а во меѓувреме најави поставување видеонадзор и информативни табли. Екипи на територијалната против пожарна единица – Струга, како што информира командирот Фети Мазари, денеска била на терен, но како што тврди, опожарената депонија единствено може да се изгасне со покривање со земја. сс/ир

Остани поврзан