• недела, 17 ноември 2024

Горелов: При 80 проценти колективен имунитет Ковид-19 ќе биде сезонска болест

Горелов: При 80 проценти колективен имунитет Ковид-19 ќе биде сезонска болест
Москва, 18 август 2021 (МИА) - Коронавирусот ќе стане сезонска болест кога колективниот имунитет ќе достигне 80 проценти, изјави заменик директорот на Централниот истражувачки инстуитут за епидемиологија и член на Руската академија на науките Александар Горелов. - Ако е можно да се постигне колективен имунитет, вирусот малку ќе се промени, бидејќи мутира само во неимонолошки организам, посочи Горелов. Тој додаде дека коронавирусот се менува и добива нови својства, затоа во многу земји има постојана циркулација на различни генотипови кои се фундаментално различни едни од други. ми/

Остани поврзан