• петок, 22 ноември 2024

Горгадзе: Навални со своето однесување го понижува судот

Горгадзе: Навални со своето однесување го понижува судот
Москва, 16 февруари 2021 (МИА) - Членот на рускиот претседателски Совет за граѓанско општество и човекови права, Шота Горгадзе, смета дека опозиционерот и блогер Алексеј Навални го понижува судот со своето однесување. „Тој се смее, испраќа срца, тоа е шоу за него. Алексеј Навални глуми некаков адвокат“, напиша Горгадзе вечерва на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Тасс. Тој додаде дека однесувањето на Навални во судот потврдува дека тој не почитува никакви правила. „Адвокат сум веќе 20 години, со многу искуство, но ако би се обратил на судот на несоодветен начин, веднаш би добил предупредување. На пример, ако го употребев целото име на судијата, веднаш ќе ме предупредеа и при најмало дело на презир, ќе ме отстранат од судот, а адвокатската комора ќе добие опомена за тоа што го сторив “, додаде Горгоџе. Московскиот суд денеска не го испрати материјалот за Навални до Истражниот комитет, со навредливите забелешки против тужбата, обвинителството и судијата. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска повторно се појави на судење под обвинение за клевета, а обвинителството побара да биде казнет со 950.000 рубљи (13.000 американски долари) за навреда на руски ветеран од Втората светска војна, пренесоа британските медиуми. До денеска не се знаеше дали обвинителството ќе бара и затвор покрај парична казна во овој случај, бидејќи за клевета, според руските закони, може да се изрече и казна затвор до две години. сд/

Остани поврзан