Гол од пенал на Кејн му ја донесе на Баерн првата победа во Бундеслигата во новата година
- Германскиот рекордер, Баерн Минхен, ја постигна првата победа во Бундеслигата во 2025 година.

Менхангладбах, 11 јануари 2025 (МИА) - Германскиот рекордер, Баерн Минхен, ја постигна првата победа во Бундеслигата во 2025 година.
Баварците на гостински терен ја победија Борусија Менхенгладбах со 1-0 по голот од пенал на Хари Кејн во 68. минута.
Баерн сега има 39 бодови и ја врати предноста во однос на вториот и актуелен шампион - Баер Леверкузен.
Менхенгладбах се десетти со 24 бода. по 16 одиграни натпревари во Бундеслигата. дс
Фото: Архива