• петок, 19 јули 2024

Голем шумски пожар на грчкиот остров Самос

Голем шумски пожар на грчкиот остров Самос
Атина, 14 јули 2022 (МИА) – Цела ноќ траеше битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос и утрово гаснењето продолжи и од воздух, а според локалните медиуми ситуацијата денеска е значително подобрена, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима,15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои синоќа авионски пристигнаа на островот. Според локалните медиуми синоќа биле превентивно евакуирани две села. Во конкретниот пожар помагаше и хеликоптерот што вчера се урна во морскиот дел југозападно од островот, а животот го загубија двајца членови на екипажот, додека пак останатите двајца беа спасени. ср/

Остани поврзан