• среда, 10 јули 2024

Голем шумски пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија

Голем шумски пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија
Атина, 23 август 2021 (МИА) – Голем шумски пожар избувна во текот на ноќта на грчкиот остров Евија, а превентивно биле евакуирани две села, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот е во општина Каристос во југозападниот дел на островот, а градоначалникот Елефтериос Равиолос за државната телевизија „ЕРТ“ рече дека иако утрово ситуацијата е подобрена, сепак постои страв за разгорување поради ветерот што е со јачина од седум до осум Бофора. Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите, а според грчките медиуми, иако рано утрово се интервенираше и од воздух, поради ветерот, хеликоптерите не може да летаат. Според противпожарната служба на Грција, пожарот го гаснат 46 пожарникари со 20 возила, еден пешадиски тим и пет хеликоптери, од кои еден е за координација. Прекинат е поморскиот сообраќај меѓу Атина и Евија, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Министерството за поморство во состојба на готовност се бродови во случај да е потребна евакуација на жителите. ср/сд/

Остани поврзан