Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат
- Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит.

Сплит, 30 јули 2024 (МИА) - Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит.
Како што пренесуват локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион.
Пожарот го гаснат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот воз „Робел“, соопштија од противпожарната служба. паг/
Фото: МИА архива