• среда, 16 септември 2026

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци 

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци 

Кавадарци, 25 август 2026 (МИА) - Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци - соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

- Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување - информираше градоначалникот. 

Тој истакна дека противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење.

- Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби - порача Јанчев. свд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа