• понеделник, 20 мај 2024

Голем одрон кај село Долно Косоврасти, сообраќајот по една коловозна лента

Голем одрон кај село Долно Косоврасти, сообраќајот по една коловозна лента
Дебар, 11 април 2022 (МИА) - На патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-село Долно Косоврасти има голем одрон поради што сообраќајот кратко време беше во прекин, а моментално се одвива по една коловозна лента.
- Одронот, кој е околу 50 кубни метри камен и земја, падна околу 9 часот. Кусо сообраќајот беше во прекин. Наши екипи поради близината веднаш пристигнаа и почнаа со расчистување. Моментно сообраќајот се одвива по една коловозна лента, изјавија за МИА од дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци.
Оттаму препорачуваат внимателно возење и почитување на сообрајќајната патна сигнализација поради појава на помали одрони и на патниот правец Дебар-Струга. вт/бак/

Остани поврзан