• понеделник, 06 април 2026

Голем интерес на саемот на книги во Пехчево

Голем интерес на саемот на книги во Пехчево

Пехчево, 23 јануари 2023 (МИА) - Во коорганизација на Општинската установа Дом на култура „Јане Сандански“ и Матичната библиотека „Кочо Рацин“ во Пехчево се одржува вториот Саем на книга на издавачката куќа „Сакам книги“. На саемот, присутните можеа да се снабдат со најновите изданија за најмалите, но и за повозрасната публика.

- Детска литература, сликовници, енциклопедии, збирка приказни, книги за возрасни, белетристика. Ова, меѓу другото, беше изборот на содржини што можеше да се најде на овој саем на книги. За нас како установа е чест и задоволство што го побудивме интересот кај читателите, кои го одбраа она што го сакаа, истакнаа од пехчевскиот Дом на култура.

Поради големиот интерес, саемот на книги на оваа издавачка куќа во Пехчево продолжува и во текот на утрешниот ден.

- Беше вистинско задоволство денеска да се посети библиотеката, каде исто така имаше штанд со изданијата на оваа издавачка куќа. Многу луѓе го посетија саемот, кои воедно и купија многу нови наслови од оваа издавачка куќа. Успешна реализација и добро дружење со преставниците од „Сакам книги“, Дејан и Елена, додадоа од Матичната библиотека „Кочо Рацин“ - Пехчево.

Организаторите најавија дека во наредниот период, саем на книги е планиран и со други издавачки куќи, чии наслови се меѓу најбараните меѓу читателската публика. вс/бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан