• четврток, 26 март 2026

Голем интерес за македонската рок музика во Белград

Голем интерес за македонската рок музика во Белград

Белград, 8 октомври 2025 (МИА) - Во македонскиот КИЦ во Белград, пред бројна публика, меѓу која беа присутни и познати имиња од српската и белградската музичка сцена, синоќа се одржа предавање за историјата на македонската рок музика, од нејзините почетоци во 1963 година, до денешен ден.
Домаќин на настанот, поддржан од Министерството за култура и туризам беше нашиот КИЦ во Белград и директорот Васко Шутаров, кој го отвори настанот и го претстави еден од најпознатите хроничари и популаризатори на македонската рок култура, Тошо Филиповски. 

Промоцијата на македонската рок музика во Белград, освен синоќешното предавање на Филиповски, содржи и мноштво аудио-визуелен материјал, постери, плакати и фотографии, кои посетителите на македонскиот центар во Белград ќе можат да ги разгледаат до крајот на месец октомври.  зш/

Остани поврзан