Голден Стејт ги доби сите пет серии против Хјустон во историјата на НБА плејофот
- Голден Стејт вориорс го совлада Хјустон во седмиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со резултат 103:89.
Сан Франциско, 5 мај 2025 (МИА) - Голден Стејт вориорс го совлада Хјустон во седмиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со резултат 103:89.
Тимот од Сан Франциско ја доби серијата со 4:3 и не му дозволи на ривалот да направи пресврт по негативата од 1:3.
Вориорс ги освоија сите пет серии против Рокетс во историјата на плејофот во НБА - 2015, 2016, 2018, 2019 и 2025 година.
Тимот предводен од тренерот Стив Кер ќе игра против Минесота во второто коло од НБА плејофот. зс/
Фото: ЕПА