• четврток, 25 декември 2025

Годишните програми на Агенцијата за пошти и Агенцијата за железнички сектор проследени до Собранието

Годишните програми на Агенцијата за пошти и Агенцијата за железнички сектор проследени до Собранието

Скопје, 17 декември 2025 (МИА) – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на денешната седница ги разгледа и едногласно ги проследи до Собранието со предлог за усвојување Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2026 година.

Програмата на Агенцијата за пошти за 2026 година предвидува усогласување на законодавството со европските стандарди, контрола и надзор над давателите на поштенски услуги, обезбедување квалитетна и достапна универзална услуга, дигитализација преку нови софтверски решенија, обуки и имплементација на ISO стандарди, сè со цел создавање транспарентен, конкурентен и модерен поштенски сектор.

Годишната програма на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор опфаќа мерки за развој на железничката инфраструктура, зголемување на безбедноста и ефикасноста на транспортот, како и усогласување со европските стандарди. бк/вг/

фото: МИА

Остани поврзан