• четврток, 26 март 2026

Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 8 јуни 2025 (МИА) - Под мотото „34 години постоиме за младите“ денеска во Велес ќе се одржи 34. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што најавува партијата, на конференцијата ќе се обратат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов.

Конференцијата ќе се одржи попладне, на платото под Костурницата. мч/мд/

фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан