Годишен Еко концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“
- Мандолинскиот оркестар „Скопје" вечер под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе го одржи својот годишен концерт во Музејот на македонската борба, кој во соработка со Нула Отпад е насл

Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Мандолинскиот оркестар „Скопје" вечер под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе го одржи својот годишен концерт во Музејот на македонската борба, кој во соработка со Нула Отпад е насловен како Еко концерт.
Влезот е бесплатен со тоа што на самиот концерт влезници ќе бидат носење на секаков вид на електронски отпад.
- Со концертот сакаме да ја подигнеме јавната еко свест и преку музиката да ја сочуваме нашата околина, порачуваат организаторите на концертот. вј/сп/