Гобер донира половина милион долари за борба против коронавирусот
- Гобер стана првиот играч во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада што беше заразен со новиот вирус КОВИС-19. Ова доведе до тоа дека НБА натпреварите да бидат суспендирани за на

Јута, 15 март 2020 (МИА) - Центарот за Јута џез и француската репрезентација, Руди Гобер донира повеќе од половина милион долари за поддршка на здравствените услуги во САД и Франција и за вработените погодени од коронавирусот.
Гобер стана првиот играч во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада што беше заразен со новиот вирус КОВИС-19. Ова доведе до тоа дека НБА натпреварите да бидат суспендирани за најмалку 30 дена.
Парите ќе помогнат на здравствените услуги во Јута и Оклахома во САД, како и на целиот здравствен систем во Франција.