• понеделник, 17 јуни 2024

ГН на Монако: Пол – позицијата за Леклер

ГН на Монако: Пол – позицијата за Леклер

 

Монте Карло, 25 мај 2024 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации на домашен терен и в недела ќе стартува прв на Големата награда на Монако, осмата трка оваа сезона во Формула 1.

Леклер ги освои пол – позициите во квалификациите во Монте Карло и во 2021 и во 2022 година. За Леклер ова е 24 пол-позиција во кариерата.

Леклер ќе стартува пред Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен). Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Ландо Норис (Мекларен), додека лидерот во светскиот шампионат Макс Верстапен (Ред Бул) беше само шести во квалификациите.

Трката низ улиците на Монте Карло стартува утре од 15 часот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан