• петок, 05 декември 2025

Глув њујорчанец по судски пат бара титлови на порнографските сајтови

Глув њујорчанец по судски пат бара титлови на порнографските сајтови
Вашингтон, 18 јануари 2020 (МИА) – Глув жител на Њујорк поднесе тужба во судот во Бруклин противпорнографските сајтови „Порнхаб“, „Редтјуб“ и „ЈуПорн“ бидејќи не може во целост да ужива во нивните „содржини“ бидејќи немаат титлови. Јарослас Сурис ги тужи трите сајтови и нивната матична канадска компанија „Миндгик“ поради кршење на американскиот закон од 1990 година за заштита на хендикепираните лица од дискриминација. Сирус претходно го тужеше „Фокс њуз“ исто така што видео-снимките „за возрасни“ немале титлови. - Глувите и наглувите не можат без титлови да уживаат во содржината како другиот дел од публиката, се наведува во тужбата на Сурис. Тој од порносајтовите бара воведување на титл и парично обештетување. Претставник на „Порнхаб“ изјави дека сајтот има и „содржини“ со титлови. ми/

Остани поврзан