• петок, 05 декември 2025

Гласот на Рацин - поет, борец и чувар на македонската посебност и идентитет во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Гласот на Рацин - поет, борец и чувар на македонската  посебност и идентитет во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Кочо Солев Рацин во македонската национална меморија останува запаметен како еден од највеликите современи македонски поети, како еден од основоположниците на современата македонска книжевност, како човекот кој ја создаде стихозбирката „Бели мугри“, едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.

-Но, Рацин е многу повеќе од поет! Во услови кога македонскиот народ немаше сопствена држава и кога најмилите синови и ќерки на Македонија ги жртвуваа своите животи за таа кауза,  и кога македонските национални особености – јазик, историја, култура итн., беа најгрубо омаловажувани и репресирани преку различни најтешки форми и методи на асимилација, Рацин манифестираше кристално јасна македонска национална свест и преку своите дела ги заштитуваше и афирмираше македонските јазични, историски и културни особености, се наведува за Рацин во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“. вг/

Фото: Архивска фотографија

Остани поврзан