• сабота, 21 декември 2024

Главната кујна во градинката „Срничка“ во Аеродром темелно се реновира по 40 години

Главната кујна во градинката „Срничка“ во Аеродром темелно се реновира по 40 години

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Општина Аеродром соопшти дека по 40 години темелно се реновира главната кујна на градинката „Срничка“ во објектот „Чекорче“, каде што деновиве интензивно се работи на промена на плочките, уривање на некои ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општината.

-По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светската банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и друга потребна опрема, соопшти Општината.

Увид во градежните работи денеска извршиле в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

-Тие констатираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клонови што припаѓаат на градинката „Срничка“ во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром. Општината посветено работи на подобрување на условите во кои се
згрижуваат и се воспитуваат нашите најмали, наведува Општина Аеродром. хс/нд/

Фото: Општина Аеродром 

Остани поврзан