• понеделник, 23 декември 2024

Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

Ги исцпривме  сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија. Сега ќе видиме што ќе се случи со овој механизам и после согласно тоа ќе ги градиме ставовите и чекорите понатаму, изјави денеска претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Венко Филипче, кој одговараше на новинарско прашање за најавата на собранискиот спикер Африм Гаши дека следната недела ќе ја задолжи Комисијата за мандатно-деловнички и имунитетни прашања да свика седница и што ќе преземат како пратеничка група, доколку не се разгледа овој Закон.

-Деловникот е сменет и во однос на претходниот во тој дел, да кога порано не се закажувала соодветна Комисија од страна на претседателот на Комисија, едноставно немало механизам и сега во новиот деловник е вметнато дека доколку тоа не се случи, тоа задолжително го прави Претседателот на Собранието закажува Комисија и задолжува било кој од пратениците да Комисијата се одржи и да се одржи расправата. Така да ќе видиме сега што ќе се случи со овој механизам и после согласно тоа ќе ги градиме ставовите и чекорите понатаму, изјави Филипче.

Посочи дека кога се свикува собраниска Комисија треба јасно да се утврдат точките на дневен ред. Филипче забележа дека некоја Комисија не може да се свикува по потреба или по сопствено убедување и како што рече „Се знае кои се барањата, кои се точките“. вдј/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан