• понеделник, 23 декември 2024

Гидеон Сар назначен за израелски министер за надворешни работи на местото на Кац кој сега е министер за одбрана

Гидеон Сар назначен за израелски министер за надворешни работи на местото на Кац кој сега е министер за одбрана

Тел Авив, 5 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го назначи Гидеон Сар, претходно министер без ресор, за нов министер за надворешни работи.

Неговиот претходник, Израел Кац, оди на позицијата на Јоав Галант,  кого Нетанјаху го разреши, објаснувајќи дека е нарушена меѓусебната доверба.

Кац како нов министер за одбрана претставува неочекуван избор, при што многумина го гледаа Сар како најверојатен кандидат за оваа функција. Нашироко се смета за ривал на Нетанјаху во десничарската конзервативна владејачка партија Ликуд, наведува германската агенција ДПА.

Во 2019 година, тој се кандидираше против Нетанјаху на внатрешните избори за партиското раководство, но загуби. Следната година го напушти Ликуд и основаше своја партија. Во последната влада под противниците на Нетанјаху Нафтали Бенет и Јаир Лапид, Сар беше министер за правда.

Остани поврзан