• среда, 17 јули 2024

Гејмерски додаток за ортопедска количка

Гејмерски додаток за ортопедска количка
Лос Анџелес, 4 февруари 2020 (МИА) - Луѓето со попреченост се соочуваат со многу пречки и проблеми во секојдневниот живот, но најновиот производ на Мајкрософт сега им дава можност за полесна рекреација преку видеоигрите. Всушност, со новиот пронајдок, тие ќе можат да ја почувствуваат возбудата и подобро од сите други луѓе. Икс-бокс прилагодливиот управувач го олеснува играњето видеоигри, и така, всушност претставува додаток за усовршување на ортопедските колички. Компанијата Ејбл-гејмерс черити работи на технолошки новитети како помагала за гејмерите со попреченост. Сега тие од електричниот управувач возење на количката, направија џојстик компатибилен со Икс-бокс уан. Посебниот адаптер овозможува комуникација на управувачот со самата конзола на Икс-бокс. Ејбл-гејмерс засега ги изработува овие адаптери благодарение на донации. Проценките говорат дека цената на еден уред би можела да биде меѓу 30 и 35 долари, без трошоците за набавка. Натаму, технологијата може да се прилагодуваат и користат на другите слични конзоли и компјутери. си/ссм/

Остани поврзан