• понеделник, 23 декември 2024

Притворот за Гершкович продолжен до крајот на јуни

Притворот за Гершкович продолжен до крајот на јуни

Москва, 26 март 2024 (МИА) - Судот во Москва му го продолжи притворот до крајот на јуни на американскиот новинар Еван Гершкович, кој е обвинет за шпионажа.

Новинарот на „Волстрит Џорнал“ (32) беше уапсен на крајот на март 2023 година во Екатеринбург додека известуваше од Русија и цело време е во притвор.

Гершкович и неговите медиуми ги отфрлија наводите, а американската влада тврди дека тој бил незаконски приведен.

Тој е во московскиот затвор Лефортово, кој е познат по тешките услови.

Амбасадорката на САД во Русија, Лин Трејси протестираше за време на денешното судско рочиште и повтори дека „обвинувањата против Еван се категорично неточни“.

„Нема оправдувања за продолжување на притворот на Еван, ниту објаснувања зошто тоа што тој ја работел својата новинарска работа е злосторство. Не станува збор за докази, правна постапка или владеење на правото, туку за користење на американските граѓани како пиони за постигнување политички цели, изјави амбасадорката за новинарите пред судот. рп/

Фото: МИА архива

 


 
 
 

Остани поврзан