• четврток, 26 март 2026

Германскиот министер за надворешни работи ќе се сретне со палестинскиот претседател

Германскиот министер за надворешни работи ќе се сретне со палестинскиот претседател

Берлин, 1 август 2025 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја продолжува својата дводневна посета на Израел и палестинските територии со средби во градот Рамала, објави ДПА.

По вчерашните разговори во Ерусалим, Вадефул планира да отпатува на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел, за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Разговорите ќе се фокусираат на насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, како и на неодамнешните извештаи дека израелската влада размислува дали да се закани со анексија на делови од Појасот Газа. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан