• недела, 22 декември 2024

Германска НВО ја тужи владата во Рим за спречување на мигрантите да стигнат до копното

Германска НВО ја тужи владата во Рим за спречување на мигрантите да стигнат до копното
Два брода под германско и норвешко знаме добија дозвола за закотвување во Катанија, Сицилија, за време на викендот и им беше дозволено да симнат околу 500 мигранти, главно жени и деца, додека на бродот останаа околу 250 лица. Италијанската влада им нареди на бродовите да се вратат во морето, но нивните капетани досега одбиваат да го сторат тоа, додека други два брода со околу 300 мигранти се уште се во море. Новата влада на Џрџа Мелони ја обвини германската невладина организација дека нејзините бродови се такси служба за мигрантите кои бараат подобар живот во Европа и им се заканува казна од 50.000 евра доколку одбијат да го напуштат пристаништето. Администрацијата на новата премиерка, формирана пред две недели, многу брзо воведе антиимиграциски мерки, одбивајќи да дозволи четири чамци да ги пренесат мигрантите на брегот и дозволувајќи им да се симнат само оние за кои се смета дека се ранливи групи. паг/    

Остани поврзан