• среда, 01 мај 2024

Германската издавачка куќа Аксел Спрингер го купува Политико

Германската издавачка куќа Аксел Спрингер го купува Политико
Берлин, 27 август 2021 (МИА) - Германската издавачка куќа Аксел Спрингер соопшти дека ќе ја купи американската медиумска компанија Полиика, со што ја проширува својата глобална мрежа на дигитални информативни медиуми. Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико. Договорот предвидува германската компанија да ги купи и преостанатите половина акции во заедничката компанија Политико Европа. Политико е формиран од поранешни новинари на Вашингтон пост пред американските претседателски избори во 2008 година. Аксел Спрингер поседува низа медиумски куќи, вклучително и Билд, Велт и Инсајдер, а компанијата е присутна во повеќе од 40 држави. ми/

 

Остани поврзан