• среда, 25 март 2026

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Берлин, 8 јули 2025 (МИА) – Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Кина дека насочила ласер кон германски авион кој учествувал во операција на Европска Унија – АСПИДЕС во Црвено Море.

- Изложувањето на германскиот персонал на ризик и нарушувањето на операцијата е целосно неприфатливо, објави германското МНР на Икс.

Исто така наведе и дека е повикан на разговор амбасадорот на Кина.

Мисијата АСПИДЕС придонесува за заштита на слободата на бродскиот сообраќај и и поморската безбедност, особено во Црвено Море, Индиски Океан и Персиски Залив, во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан