Германија покажува интерес за полскиот систем за противвоздушна одбрана, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Томчик
- Германија е заинтересирана за купување на преносниот систем за противвоздушна одбрана „пиорун“ од полско производство, изјави денеска полскиот заменик-министер за одбрана Чезари Томчик.
Варшава, 13 февруари 2026 (МИА) - Германија е заинтересирана за купување на преносниот систем за противвоздушна одбрана „пиорун“ од полско производство, изјави денеска полскиот заменик-министер за одбрана Чезари Томчик.
Томчик на прес-конференција изјави дека Полска треба да биде горда поради тој интерес на Германија бидејќи, како што рече, тоа покажува како иновациите во полската одбранбена индустрија влијаат врз имиџот на Полска во светот и нејзините интереси.
„Уверен сум дека не само „пиорун“, туку и многу други производи, можат да се извезуваат во иднина“, рече Томчик. рп/ми/
Фото: МИА архива