• сабота, 21 декември 2024

Германија плати околу милијарда евра за американските трупи

Германија плати околу милијарда евра за американските трупи
Берлин, 6 јули 2020 (МИА) - Германија, во изминатите десет години, плати околу една милијарда евра за стационирање на американската армија на нејзината територија, а Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп најави повлекување на 9.500 војници, плаќаат многу повеќе. Две третини од тие трошоци, односно 648,5 милиони евра, се за мерки за изградба на инфраструктура, а 333,9 милиони евра за таканаречените последици од одбраната, кои вклучуваат штета предизвикана од стареењето на американските војници и враќањето на американските инвестиции во поранешни бази. Овие податоци произлегуваат од одговорот на Министерството за финансии на прашањето на пратеничката на Левица, Бригита Фрајхолд. Сепак, САД имаат многу поголеми трошоци за стационирање на својата армија во Германија. Министерството за одбрана на САД ги проценува трошоците за оваа година на околу 8.125 милијарди долари, што е за 61 пат повеќе од 132,4 милиони евра, колку што Германија издвои за овие цели минатата година. Сепак, американската војска има огромни предности во однос на базите во Германија, затоа што преку нив ги обезбедува војниците, на пример, во мисиите во Ирак и Авганистан. Во моментов, околу 35.000 американски војници се стационирани во Германија. паг/    

Остани поврзан