Германија: Мерц вети промена на подобро
- Уверен сум дека ќе успееме да управуваме со земјата од првиот ден – со сила, планирање и доверба, наведе Мерц на церемонијата по повод ратификацијата на договорот меѓу неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и левичарската Социјалдемократска партија (СПД)
Берлин, 5 мај 2025 (МИА) – Лидерот на германските конзервативци, Фридрих Мерц на денешното потпишување на коалицискиот договор изјави дека ќе ја промени на подобро ситуацијата во земјата.
- Уверен сум дека ќе успееме да управуваме со земјата од првиот ден – со сила, планирање и доверба, наведе Мерц на церемонијата по повод ратификацијата на договорот меѓу неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и левичарската Социјалдемократска партија (СПД).
Се очекува Бундестагот утре да го избере Мерц за германски канцелар.
Копретседателот на СПД, Ларс Клингбајл, за кого се очекува да биде вицеканцелар и министер за финансии, исто така најави дека новата влада ќе работи на економскиот раст, на инвестирање во иднината и подобрување на безбедносната состојба. ми/
фото: ДПА