Германија бара дијалог за избегнување трговска војна со САД
- американски претседател Доналд Трамп за воведување царини треба сериозно да се сфати. Тој повика Европа и Германија веднаш да започнат преговори со САД за да спречат трговска војна и потенцијални економски загуби.

Берлин, 26 ноември 2024 (МИА) - Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, предупреди дека најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за воведување царини треба сериозно да се сфати.
Тој повика Европа и Германија веднаш да започнат преговори со САД за да спречат трговска војна и потенцијални економски загуби.
Трамп најави дека уште на првиот ден во Белата куќа ќе воведе царини од 25 отсто за увозот од Мексико и Канада и 10 проценти за производите од Кина. Ова е дел од неговите напори да се справи со илегалната имиграција и трговијата со дрога, јави Си-Би-Ес.
Хабек ја повика Европската унија да настапи обединето во однос на трговските политики. ссм/
фото: архива