• среда, 15 мај 2024

Герашченко објави фотографија од неексплодирана руска ракета во Краматорск

Герашченко објави фотографија од неексплодирана руска ракета во Краматорск

Киев, 2 септември 2023 (МИА) - Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко на Твитер објави фотографија од денешниот руски ракетен напад врз Краматорск, град во источна Украина.

На фотографијата се гледа неексплодирана ракета која удрила во асфалтен пат.

-Наместо илјада зборови. Руска ракета денеска падна врз Краматорск. Многу блиску до станбена зграда. Терористичката држава продолжува да ги тероризира цивилите, објави Герашченко. мс/

фото: Твитер

Остани поврзан