Герасимовск: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза, на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ
- Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто Работнички ќе издвојува голема победа, стои во соопштението на Општина Центар кое што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 26 октомври 2025
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто Работнички ќе издвојува голема победа, стои во соопштението на Општина Центар кое што МИА го пренесува интегрално.
„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.
80% од реконструкцијата се завршени. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.
Општина Центар
Фото: Принтскрин