• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија

Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го посетил Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење.

На приредбата, градоначалникот ја нагласил посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар.

-Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа, истакнал Герасимовски.

Центарот за деца со церебрална парализа продолжи со работа во 2019 година во ООУ „Киро Глигоров“. Се простира на површина од 305 м² и располага со антибактериски подови, адаптирани тоалети, инклузивни  стандарди, рампи за пристап, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

-Преку унапредувањето и функционирањето на овој Центар, Општина Центар континуирано ја покажува грижата и поддршката за лицата со попреченост, како и стремежот да се создаваат услови за поквалитетен живот за сите граѓани, информираат од Општина Центар. фф/нд/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан