• понеделник, 06 мај 2024

Герасимовски: Целосно го реконструиравме детското фудбалско игралиште близу ССМ

Герасимовски: Целосно го реконструиравме детското фудбалско игралиште близу ССМ

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција.

- Во изминатиот период реконструиравме и направивме нови игралишта со цел децата да имаат правилен раст и развој, но и да се социјализираат, го поттикнуваат натпреварувачкиот дух или едноставно да се истрчаат. Физичката активност е најважна во периодот на развој на нашите дечиња затоа вложуваме во комплетна реконструкција на фудбалското игралиште на кое децата од овој реон ќе може безгрижно да играат и се дружат, смета Герасимовски.

Минатата година, Општина Центар реконструираше неколку детски игралишта, спроти Градска болница, Градски ѕид и Капиштец, и направи ново инклузивно детско игралиште близу трговскиот центар Зебра.

- Општината и во идниот период ќе продолжи да вложува во проекти кои го унапредуваат здравјето на нашите млади, велат од локалната самоуправа. ир/дма/

 

Фото: Општина Центар

Остани поврзан