• понеделник, 23 декември 2024

Герасимовски: Правиме нови и ги реконструираме старите пешачки патеки на повеќе локации во Центар

Герасимовски: Правиме нови и ги реконструираме старите пешачки патеки на повеќе локации во Центар

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар почна со инфраструктурни зафати на повеќе локации. Се реконструираат и се прават комплетно нови пешачки патеки, кои ќе го олеснат движењето и пристапот на граѓаните, велат од општината.

- Зад Олимпискиот базен уредуваме новите пешачки патеки. Станува збор за изведба на целосно нови пешачки патеки, кои дополнително ќе бидат надополнети со клупи нови канти и зазеленување и расчистување целосно на просторот. Дополнително покрај оваа локација имаме и подобрување на пешачките патеки на повеќе локации почнувајќи од Водно, улицата „Славејко Арсов“, улицата „Партизанска“ што води од СЈО, делот на улицата „Загрепска“, имаме мала реконструкција на делот што води до Мал Ринг и во неколку други локации на општината. Целта ни е да ги подобриме условите на пешаците со нови пешачки патеки и реконструкција на старите“, изјави Герасимовски за „Канал 5“ телевизија.

 Тој зборуваше дека во следниот период во општината ќе има нови урбано уредени катчиња.Герасимовски посочи дека со инфраструктурните зафати опфатени се и улиците „Христо Смирненски“, „Никола Тримпаре“ и санација на јавни површини во комплексот згради во Буњаковец, јавните површини близу Министерство за Култура.

Тој, исто така, зборуваше и за останатите проекти како изградбата на новата градинка во населбата Пролет за која рече дека на почетокот на следната година истата треба да биде завршена. За таа цел, градоначалникот на Центар, рече дека се возобновува уличното осветлување, се поставува нова урбана опрема, а исто така се осврна и на доградбата на нови училници во ОУ „Коле Неделковски“. ир/са/

 

Фото: Општина Центар

Остани поврзан