Герасимовски: Платите на хигиеничарите речиси двојно ги зголемивме, набавуваме и нова механизација за чист Центар
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 7 октомври 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, што МИА го објавува интегрално.
„На секаков можен начин се трудиме да покажеме почит кон овие луѓе кои ја вршат најтешката, но и најважната работа во општината и градот. Речиси двојно ги зголемивме платите на хигиеничарите изминативе години, повеќе од половината кои беа непријавени веќе се со регулиран работен однос, а наскоро и останатите ќе бидат пријавени,“ рече Герасимовски.
Во програмата се планира набавка на нова механизација и опрема која ќе им ја олесни работата на хигиеничарите, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе овозможи побрзо и поквалитетно чистење на улиците и јавните површини.
,,Со дополнителната механизација која предвидуваме да ја набавиме, 2 цистерни и 5 метларки, чистењето ќе биде поефикасно, но и полесно. Со овие машини и 120 хигиеничари, повеке од сигурен сум сме дека Центар никогаш повеке нема да зависи од други институции. Бевме во агонија цели 4 години со нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ и нема да дозволам тоа да се повтори, порача Герасимовски.
Фото: Општина Центар