Герасимовски: Општина Центар е силен поддржувач на културата и народното творештво
- Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет, нагласил Герасимовски.
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво. На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот, соопштија денеска од локалната самоуправа.
- Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност, изјавил градоначалникот Герасимовски.
Тој нагласил дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.
- Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет, нагласил Герасимовски. бд/са/
Фото: Општина Центар