• понеделник, 22 јули 2024

Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг

Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Горан Герасимовски, им се заблагодарува на сите граѓани од општина Центар кои му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година. -Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена. Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа, рече тој. Герасимовски испраќа и порака дека остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да се пренесе пораката дека Центар останува демократска, напредна и силна општина. -Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите, порача Герасимовски. аа/лв/

Остани поврзан