Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички
- Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар, пишува во денешното соопштение на неговиот тим.
29 октомври 2025
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар, пишува во денешното соопштение на неговиот тим.
„Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички за сопствениците. Ова е одлично решение Едноставно, урбано и еколошки одговорно. Планираме да поставиме 200 вакви канти низ сите населби и паркови, за да обезбедиме чист и уреден јавен простор, каков што доликува на општина каква што е Центар“, рече Герасимовски.
Тој, информираше дека во следниот мандат се оди чекор понатаму, со вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња и домашните миленици, со што хумано и системски се решава овој сериозен проблем создавајќи безбедна и здрава средина.
Тим на Горан Герасимовски
Фото: Принтскрин / „Фејсбук“ - страница на Горан Герасимовски