• недела, 22 декември 2024

Герасимовски: Една година без трошоци за угостителски услуги и патувања во странство

Герасимовски: Една година без трошоци за угостителски услуги и патувања во странство
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Општина Центар соопшти дека во интерес на отчетноста и транспарентноста изминатата година немала трошоци за угостителски услуги и за патувања во странство. Општината, како што посочува во денешното соопштение, направила заштеда поголема од 700.000 денари, колку што се предвидените буџети за патувања и угостителски трошоци. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вети одговорно и домаќинско работење и со општинската администрација тоа го исполнува, информираат од општината и истакнуваат дека во првата година од неговиот мандат реализирале бројни настани и проекти, започнале капитални инвестиции со кои ќе ги подобруваат условите за живот на граѓаните и ги зголемуваат можностите за социјален и економски развој. - Сите овие проекти кои во изминатата година се започнаа и голем дел од нив веќе реализираа се доказ дека единствен мој фокус и на општинската администрација се граѓаните и нивните интереси и потреби. Сите непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се одлика на оваа локална самоуправа. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на општината и затоа единствениот начин да заштедиме и инвестираме е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии, смета Герасимовски. Од Општината потенцираат дека ќе продолжат да работат и да ги застапуваат единствено интересите на граѓаните. Токму затоа во следниот период градоначалникот Герасимовски и општинската администрација ќе одржат серија трибини на кои ќе ги слушнат барањата на граѓаните во рамки на буџетскиот форум. Дел од овие барања ќе бидат вградени во креирање на буџетот за 2023 година, информираат од општината и додаваат дека остануваат отворени за граѓаните. рп/сп/

Остани поврзан