Герасимовски: Воведуваме двосменско работење на градинките до 22 часот, им излегуваме во пресрет на родителите
- За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Центар, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Центар, кое МИА го објавува интегрално.
Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од подолга грижа и безбедност за своите деца.
Со ова мерка, се обезбедува вистинска поддршка за семејствата, со што ќе им се олесни секојдневието на родителите.