• петок, 20 декември 2024

Герасимовски: Бесплатна медицинска нега девет часа во неделата и посета на лекар еднаш во месецот за пензионерите од Центар

Герасимовски: Бесплатна медицинска нега девет часа во неделата и посета на лекар еднаш во месецот за пензионерите од Центар
Скпје, 21 октомври 2021 (МИА) - Ќе се зголемат услугите кои ги нуди проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ кој ги опфаќа лицата над 60 години од општина Центар, најави Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Во рамки на тој проект, возрасните лица од општина Центар сега бесплатно користат медицинска нега со сертифициран негувател, медицинска сестра, физиотерапевт и социјален работник три пати по два часа во неделата. Овие услуги во следниот период, најави Герасимовски, возрасните лица ќе може да ги користат три часа трипати во неделата со дополнителна услуга од лекар кој ќе ги посетува еднаш во месецот. Покрај медицинската нега, возрасните граѓани ќе може да користат и административна помош која вклучува извршување банкарски услуги или поднесување документи во општина. Дополнително, пензионерите ќе добијат и повеќе активности за социјализација и дружење во пензионерските домови. - Сите ние имаме должност да се грижиме за оние кои целиот свој живот се грижеле за нас, токму затоа  возрасните граѓани се на врвот на приоритетите во општина Центар и ќе ја имаат целата  поддршка, смета Герасимовски. хс/вј/

Остани поврзан