• вторник, 24 декември 2024

Георгиески: Охрид да биде град со најдобар стандард на образование во државата

Георгиески: Охрид да биде град со најдобар стандард на образование во државата
Охрид, 5 октомври 2021 (МИА) – Охрид е град на Свети Климент, град на писменоста и заслужува да ги носи тие епитети. Затоа во текот на изминатите две години почнавме со реализација на нашата амбициозна програма во која значително ги подобривме условите за настава во сите училишта и успеавме да го подигнеме образовниот процес во Охрид на многу повисоко ниво. Ова денеска го истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и кандидат на СДСМ за функцијата и на престојните Локални избори. Тој посочи дека децата во Охрид со децении наназад учеле во училници во кои имало провев, со прокиснати тавани, распаднати подови, како што рече, „наставата се одвиваше во објекти во кои не бил инвестиран ниту денар“. - Преку посветена работа и голем ангажман значително ја променивме таа пракса. Со темелна анализа и дефинирани приоритети реализиравме крупни проети преку кои значително ги подобривме условите во сите основни училишта. Поставени се нови покриви во пет училишни објекти, инвестирано е во нови фасади, извршена е промена на подови, реконструкција на тавани, ѕидови и санитарни јазли, рече Георгиески посочувајќи го притоа како пример ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ каде се извршени низа инвестиции. Тој рече дека како власт покажале дека нема потреба од гарантирање затоа што реализираното е видливо. - Нашето „ќе“ се гледа на дело, нашите резултати од работата нема да се поклопат со ниту една лага или манипулација. Граѓаните ги гледаат нашите успеси и умеат да направат разлика. Вложуваме во децата и младите затоа што тоа е вложување во иднината, рече тој. Георгиески уште истакна дека продолжуваат инвестициите во сите училишта, подобрување на условите за сите ученици, се работи според приоритетни потреби, со реконстукција на објекти и набавка на опрема за сите училишта. - Во престојниот мандат предвидуваме изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство и единство“. Комплетна реконструкција на гимназијата „Свети Климент Охридски“, проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отварање нови паралелки во медицинските струки, рече меѓу другото Георгиески. аб/мс/

Остани поврзан