• петок, 22 ноември 2024

Георгиевски: Македонското знаме за мене е светост, одам да победам

Георгиевски: Македонското знаме за мене е светост, одам да победам
Токио, 26 јули 2021 (МИА) – Борба за највисок пласман најави таеквондистот Дејан Георгиевски, кој утре наутро ќе биде четвртиот македонски претставник со настап на Олимписките игри во Токио. Прв противник на Георгиевски ќе биде актуелниот светски првак Рафаел Алба од Куба, а борбата е закажано со почеток во 06:45 по македонско време. - Првата борба одам на светскиот првак, тоа не ми значи ништо. Одам да победам. На македонската јавност, пред сè, сакам да ѝ се заблагодарам за големата поддршка, потоа да кажам дека ќе го дадам и последниот атом од себе за да ја израдувам Македонија, порача Георгиевски во интервју за порталот „IPON.mk“ пред утрешниот олимписки настап. Македонската олимписка делегација на Игрите во Токио брои осум членови, а таеквондистот Георгиевски ја имаше честа да го носи државното знаме на церемонијата на свеченото отворање - Тоа што го носев знамето беше за мене посебен момент. Да бидете знаменосец на Олимписки игри е сон. Македонското знаме за мене е светост, изјави Георгиевски. ег/фф/

Остани поврзан