• петок, 20 декември 2024

Генчовска: Педесет Бугари се блокирани во Москва

Генчовска: Педесет Бугари се блокирани во Москва
Софија, 27 февруари 2022 - Во Москва се блокирани 50 Бугари, бидејќи Бугарија го затвора својот воздушен простор за руски авиони, а Русија воведе реципрочна мерка, изјави на денешниот брифинг бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   - Дадовме инструкции на бугарската амбасада во Москва да обезбеди сместување за овие граѓани во хотел, а во исто време да се подготви да ги транспортира по копнен пат до најблиските земји - најверојатно Латвија и Естонија, тоа треба да се прецизира, рече Генчовска. Таа објави и една, според неа, најнова информација - ректорот на Техничкиот универзитет во Софија штотуку предложил да се обезбеди дополнителен прием на студенти и ученици од Украина и за таа цел ќе се бара зголемување на квотите за прием на заинтересирани студенти. - Ректорот предложи тие да се сместат во студентски домови, но за тоа допрва ќе се расправа на Советот на министри, рече Генчовска. Таа рече дека на последниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ имало вклучување на министерот за надворешни работи на Украина, кој ги повикал сите земји-членки да и помогнат на Украина со хуманитарна помош. Бугарскиот Црвен крст од вчера презеде иницијатива, формирана е организација, целата номенклатура со барањата е на веб-страницата на МНР, информира министерката. Бугарската држава ќе обезбеди транспорт на хуманитарна помош до границата со Романија, а таму романските власти ќе ја префрлат во Украина. На прашањето за евакуацијата на Бугарите од Киев, Генчовска рече дека автобусите се уште се надвор од Киев, бидејќи во главниот град на Украина се уште е полициски час и во оваа фаза е невозможно да се извлечат Бугарите. - Ќе одредиме собирен пункт за нашите граѓани во Киев што е можно поскоро, рече шефот на дипломатијата. Во врска со прашањето дали е Украина побарала воена помош од Бугарија, Генчовска одговори дека има нота која е предадена од украинскиот амбасадор во Министерството за одбрана со список на номенклатура. - Колегите од Министерството за одбрана работат на тоа, претпоставувам дека наскоро ќе биде донесена одлука што точно ќе биде испорачано во Украина, рече министерката за надворешни работи. На прашањето дали е безбедно луѓето во Украина да патуваат со нивните автомобили, од Министерството за надворешни работи одговорија дека е подобро да се контактира прво со бугарската амбасада во Киев, а потоа да се преземе такво патување.

___________________________________________________________ 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Остани поврзан