• понеделник, 20 мај 2024

Генчовска: Добро е што го рестартиравме дијалогот со Скопје, очекуваме конкретни резултати

Генчовска: Добро е што го рестартиравме дијалогот со Скопје, очекуваме конкретни резултати
Софија, 27 јануари 2022 (МИА) - Добро е што Бугарија го рестартира дијалогот со Северна Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на Владата, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, додавајќи оти Бугарија очекува конкретни резултати.

- Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори, рече Генчовска.

Во таа насока, како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска додаде дека во однос на Украина, Софија и предложиила на земјава дека доколку има потреба и на наше барање, би се евакуирал тимот на Амбасадата на Северна Македонија во Украина.

Таа посочи и дека Бугарија го обновила предлогот за заштита на воздушниот простор на Република Северна Македонија. нк/нд/

Остани поврзан