Генчовска денеска и утре во работна посета на Северна Македонија
- Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска, денеска и утре, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, соопштија од

Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска, денеска и утре, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи.
-Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Северна Македонија, се наведува во соопштението од МНР. дма/сст/